Шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Шампион, триумфираше со 56:14, ги отвори настапите во новата сезона во домашниот шампионат.
Натпреварот за избраничките на Симе Симовски беше повеќе формалност, односно полесен тренинг, па така победата беше најавена уште во првите минути.
Ѓорчепетровки поведоа со 15:2 и тука беше јасно дека тимот на Шампион се наоѓа пред тежок пораз.
На полувреме „лавиците“ имаа предност од плус 23, 29:6, а во вторите 30 минути ја повторија доминацијата од првиот дел победувајќи со конечни 42 гола разлика.
Најефикасна во победничката екипа беше Емилијана Ризоска со 13 погодоци, 11 додаде Ана Марија Коларовска, десет запиша Ева Божиновска.
Кај Шампион најефикасни со по четири погодоци беа Мила Филипова и Ана Ристевска.
Ѓорче Петров во второто коло од Женската лига ќе биде домаќин на Деспина, додека Шампион ќе се соочи со Спартак.