Иако ПСЖ триумфираше над Еурофарм Пелистер со 35:26 во последното коло од групната фаза од Лигата на шампионите, сепак, францускиот тим ќе оди во осминафиналето.
Од групата А, директен пласман во четвртфиналето обезбедија две екипи – Веспрем и Спортинг Лисабон, а освен ПСЖ, во осминафиналето од првата група се пласираа уште Фуксе Берлин, Динамо Букурешт и Висла Плоцк.
Екс тренерот на Вардар, Раул Гонзалез, ги сподели своите импресии по добиената битка во спортската сала „Боро Чурлевски“.
„Сакам да честитам за атмосферата која беше на едно одлично ниво. Честитки за сите, направија добра работа. Ние бевме под притисок пред натпреварот имавме шанси да бидеме на второто место и мораше да одиме на победа. Ние дадовме 100%, јас сум задоволен, бидејќи натпреварот беше тежок на стартот. Во напад бевме на ниво, постигнавме висок број на голови“, изјави Шпанецот.
Голманот Јаник Грин истакна дека можат да бидат задоволни од прикажаната игра, но не и од исходот на останатите натпревари.
„Одигравме доста концентриран натпевар, бевме фокусирани и сите учествуваа да дадат нешто за тимот. Тоа беше важно за нас, може да бидеме среќни од нашето издание на натпреварот, но не и од другите резултати“, изјави Грин.
ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите ќе игра против ПИК Сегед затоа што заврши на 4. позиција на А групата.