Голема борба, неизвесност, возбудувања…но во Прилеп никој не победи (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Прилеп – Голден Арт

Екипите на Прилеп и Голден Арт одиграа возбудлив натпревар под Марковите Кули, кој заврши без победник 28:28. Во финишот, двете екипи промација зицери за победа, па така ремито можеби е најреален исход од неизвесниот дуел. Прилеп и Голден Арт сега имаат по седум бода на табелата во групата Б. Ова за нив беше и прво реми сезонава. Двете екипи остануваат во игра за едно од местата кои водат во плеј-оф фазата, но за остварување на целта ќе треба да им се вратат на победите и да триумфираат над клучните дуели, како на домашен, така и на гостински терен.