ГОЛ-ШОУТО на Петар Атанасијевиќ – еве ги сите 32 погодоци „спакувани“ во 200 секунди (ВИДЕО)

Левото крило на Еурофарм Пелистер. Петар Атанасијевиќ постави нов рекорд во машкиот ракомет откако даде 32 гола на дуелот со Шампион во елиминациите за Купот на Македонија. Битолчани победија со 57-16 (26-3), а по завршување на средбата Петар се најде во воздух и на рацете на своите соиграчи кои го прославија рекордот. Тој го мина Златко Димитровски кој имаше 31 гол на средба меѓу ВВ Тиквеш и Куманово, а доколку не добиеше исклучување во 36 минута сигурно ќе погодеше уште некој пат. Атанасијевиќ сега е рекордер кај мажите, а апсолутниот рекорд го држи уште една лево крило Матилда Атанасоска, која постигна 33 гола за Кале Кичево на средба против ТК Бренд. Погледнете ги сите погодоци на Атанасијевиќ „спакувани“ во 200 секунди...