🎥 Го напушти теренот во солзи: Французинката Едвиж обвини фан на Рапид за расизам!

Романскиот Рапид Букурешт загуби од Ференцварош со 23-20 на домашен терен и се наоѓа пред елиминација од Лигата на шампионите, но мечот го одбележа настанот што се случи на крајот.

Пивотот на унгарскиот вицепрвак Ференцварош, Беатрис Едвиж, обвини еден од навивачите на романскиот тим за расизам. Таа го напушти теренеот во солзи.

„Не се работи за сите фанови на Рапид. Не ги ставам сите во иста категорија. Атмосферата беше фантастична. Но како и секаде, има по некој глупав човек. Во текот на мечот тој гестикулираше за бојата на мојата кожа. Да, црна сум. Ако обрнувате внимание на тоа, тогаш имате проблем. По мечот отидов до трибините и го прашав каков проблем има, тој рече дека не направил ништо. Ракометот не го заслужува ова, а ниту јас. Се надевам дека тој никогаш нема да влезе повторно во сала“, изјави Едвиж за „ГСП“.

Од романскиот Рапид излегоа со соопштение веднаш по мечот, дека таа гестикулација на фанот во локалната култура означува нешто друго, но штетата веќе беше направена. Дали ќе има некакви санкции за Рапид останува да видиме.