Глигоров: Играчите треба само да веруваат во себе

По повеќе од еден месец Голден Арт повторно победува, а новиот тренер Филип Глигоров веројатно го најде теркот по кој треба да играат неговите избраници. Скопскиот тим се врати во игра за место што води во разигрувањето за титулата по триумфот од 30-21 против Мулти Есенс. Сега „бело-црните“ имаат 10 бода, само два помалку од Пролет, и пет од Бутел.

„Играчите се навикнаа на мојата работа. Сакавме и успеавме да ги намалиме техничките грешки во нападот и тоа донесе резултат на овој натпревар. И досега имавме доби натпревари каде нијасите одлучуваа, но веќе не смееме повеќе да губиме. Тоа е важно ако сакаме да играме плејоф. Денеска добро го анализирвме противникот, го испочитуваа тоа што се договаравме, вели Филип Глигоров.

Тој лани ги водеше младинците на Голден Арт со кои стигна до титулата во Македонија, а сега дел од тие играчи добиваат шанса да играат и со сениорите.

„Сакаме да имаме поголема ротација, како што беше сега. Повеќе играчи да добијат шанса. Треба само да имаат верба во себе дека можат да му помогнат на тимот, вели Глигоров.

Сега следува дуел со Вардар Неготино, средба која може да донесе нови бодови во борбата за третото или четврто место на табелата.

„Неготинци ги победивме и на гости во второто коло. Им кажам на момците и тие се свесните дека дома не смееме да загубиме. Одиме и на тој меч на победа, па после ќе бидеме уште поблиску до исполнување на целта, вели Глигоров.

 

Голден Арт се враќа во игра за плејоф – со „деветка“ го почестија Мулти Есенс