Final - Croatia vs Denmark, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Baerum Oslo, Norway, 02.02.2025, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Гидсел МВП и најдобар стрелец на Мундијалот, двајца Хрвати во ол-стар тимот!

Репрезентацијата на Данска по четврти пат во низа го освои златото на Мундијалите, откако во финалето на Светското првенство 2025 славеше против Хрватска со 32:26.

По завршувањето на финалниот натпревар, беше објавен ол-стар тимот, а сосема очекувано, во него имаше место за играчи од најдобрите четири репрезентации.

Еден од најдобрите ракометари на светот – Матијас Гидсел го понесе епитетот МВП на Мундијалот, но и заврши како најдобар стрелец, постигна 74 погодоци на девет натпревари.

Марио Шоштариќ и Иван Мартиновиќ од сребрената Хрватска беа избрани во ол-стар тимот, а признанието за најдобар млад ракометар заврши во рацете на Франциско Коста од Португалија.

Моќната Данска стигна до четврто светско злато во низа!