Денеска во Келн со дуелот меѓу Фуксе Берлин и Магдебург ќе биде спуштена завесата на сезоната во Лигата на шампионите.
Од 18:00 часот во „Ланксес Арена“ двете германски екипи ќе се борат за титулата во најелитното европско клупско натпреварување, а ова е првпат по 11 сезони – две екипи од Германија да играат за европскиот трон.
Претходно во 2014 година, Фленсбург ја освои титулата во Лигата на шампионите, откако го совлада Кил со 30-28.
Последен пат во финале играа две екипи од иста земја – Франција, во 2018 година, кога Монпелје беше подобар од Нант и славеше со 32-27.
Во битката за третото место ќе се соочат Нант и Барселона, а мечот ќе стартува во 15:00 часот, додека три часа подоцна е големото финале.