Гедбан во елитно друштво – има ТОП 5 одбрана на колото во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Медиа тимот на ЕХФ ја смести во ТОП 5 одбрани на колото во Лигата на шампионите, една од одбраните на Калифа Гедбан на мечот со Кил. Голманот на Еурофарм Пелистер на мечот што неговиот клуб тесно го загуби од Кил со 23-20 имаше фантастична партија, а една од одбраните си го најде своето место меѓу најубавите заедно со оние на Портнер од Магдебург, Мандиќ од Загреб, Десбоне од Монпелје и Ландин од Алборг. Погледнете....