Гедбан го чека долга пауза

Алжирскиот чувар на мрежата, Калифа Гедбан, ќе биде надвор од ракометните терени најверојатно до крајот на сезоната, пишуваат германските медиуми.

Тој беше дел од селекцијата на Алжир на Мундијалот, но по СП се врати повреден во клубот и веднаш мораше на операција на коленото.

Некогашниот голман на Вардар и Еурофарм Пелистер имаше добри партии на СП, но за жал ќе мора да паузира од терените.

Ако се знае дека неговиот клуб Ерланген во текот на сезоната се откажа од Клемен Ферлин, кој замина во Келце, тогаш по повредата на Гедбан, станува јасно дека очајно ќе им биде потребен квалитетен голман за продолжението на сезоната во Бундес лигата.