Гакидова: Секој гол ќе биде важен за нас, мора да останеме фокусирани до крајот

Женската репрезентација на Македонија ја очекува клучниот натпревар против селекцијата на Словенија во квалификациите за пласман на ЕП 2026.

Победа или реми, ја носат Македонија сигурно на ЕП, но и со пораз остануваме во игра, па ќе треба да ја броиме гол-разликата и да бидеме меѓу четирите најдобри третопласирани од шесте групи.

Капитенот на Македонија, Ивана Гакидова, вели дека секој гол ќе биде исклучително важен.

„Мораме да играме агресивно, да се бориме за секоја топка и да останеме фокусирани до самиот крај. Сè уште имаме шанса за пласман на Европското првенство, што значи дека секој гол е исклучително важен за нас. Верувам дека со срце, карактер и тимски дух можеме да оствариме резултат што ќе ни значи многу“, изјави Гакидова.

Натпреварот меѓу Словенија и Македонија се игра утревечер од 18:00 часот во „Рдеча Дворана“ во Велење.

[insert page='euro2020-tekst' display='content' public]
[insert page='proba-2' display='content' public]
[insert page='24video-tekst' display='content' public]
[insert page='foto-tekst' display='content' public]