Селекторот на машката репрезентација на Шпанија, Жорди Рибера, избра 18 ракометари за настап на Европското првенството во Данска, Шведска и Норвешка.
На голманската позиција ги нема Гонзало Перез Де Варгас од Кил и Родриго Коралес од Веспрем, но можеби по пријателскиот турнир пред ЕП, Рибера ќе направи промени, иако и дуото Сергеј Хернандез и Игнасио Биоска носи голем квалитет.
Меѓу стандардните на списокот се браќата Душебаеви, Гарсијандија, Касадо, Баруфет, Гомез, Сердио, Тарафета…
Шпанија ќе игра на пријателскиот натпревар во Памплона, против селекциите на Словачка и Тунис, а потоа во зависност од пласманот во групата ќе игра со една од овие три селекции – Португалија, Иран, Египет.
„Фуријата“ на ЕП е во групата А, која своите натпревари ќе ги игра во Хернинг заедно со Австрија, Германија и Србија.



























