Со игрите што ги прикажува оваа сезона, левиот бек Дмитро Горига, го сврте вниманието на ракометниот свет кон себе.
Новопечениот Македонец игра во одлична форма и на домашна и меѓународна сцена, па прашање на време беше кога силните европски екипи ќе посакаат да го имаат своите редови.
Според „RTHandball“, Горига е на мета на германскиот првак Фуксе Берлин, кој бара замена за Ласе Андерсон, кој пак си заминува на лето и се враќа во татковината. Престојот на Горига во Берлин би бил на една сезона, бидејќи Фуксе потоа ќе го има на располагање Симон Питлик од 2027 година.
Aктуелниот договор на Горига со Вардар истекува на крајот од оваа сезона, а веќе се почнати преговорите за нова соработка со „црвено-црниот“ тим.


























