Екипата на Фленсбург победи на дербито со Гумерзбах, славеше со 32:30 во натпревар од последното коло од главната фаза од Лигата на Европа и со двата бода го потврди директниот пласман во четвртфиналето.
Гумерзбах заедно со Тулуз продолжуваат во осминафиналето од групата 4, додека Татабања, која не освои ни бод во главната фаза, вечерва го заврши настапот на европска сцена. Унгарскиот тим загуби од Тулуз со 33:31 и во понатамошниот дел од сезоната ќе биде посветен само на настапите на домашна сцена сцена.
ГОГ предводен од голманот Петер Јохансен, имаше дури 16 интервенции, триумфираше над Гранољерс со 32:31 и го освои второто место во групата 1. На шпанскиот тим му требаше позитивен резултат за пласман во осминафиналето.
Освен данскиот тим, од првата група во осминафиналето оди и Луцерн, додека Монпелје како првопласиран директно се чекираше во четвртфиналето.
ЛИГА НА ЕВРОПА, ГЛАВНА ФАЗА, 4. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ:
ФЛЕНСБУРГ – ГУМЕРЗБАХ 32-30
ГОГ – ГРАНОЉЕРС 32-31
ЛУЦЕРН – МОНПЕЛЈЕ 31-32
ТАТАБАЊА – ТУЛУЗ 31-33
20:45 БЕНФИКА – БИДАСОА
20:45 КИЛ – МЕЛСУНГЕН
20:45 ЛИМОЖ – ИШТАД
20:45 ВОЈВОДИНА – ПОРТО