Селекторот на машката репрезентација на Фарски Острови, Петер Ларсен, го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
На списокот на Ларсен се наоѓа ѕвезденото трио – Елијас Елефсен Скипаготу, Оли Митун и Хакун Вест Тејгум.
На списокот има 17 интернационалци и само еден играч од домашниот шампионат – пикерот Хелги Хилдарсон од Х71.
Фарски Острови ќе одиграат две пријателски средби со Италија пред настапот на ЕП, каде ќе играат против Словенија, Швајцарија и Црна Гора.


























