Пред машката репрезентација на Македонија стои уште еден голем предизвик – двомеч со селекцијата на Фарски Острови за пласман на СП 2025.
Левиот бек на норвешкиот Кристијансанд, Трондур Микелсен, кој е во сенка на Скипаготу и Митун, смета дека мора да се направи добра залиха на првиот меч.
Тој имаше повреда, но ќе биде подготвен за настап.
„Подготвен сум за настап против Македонија. Сакам да го задржам своето место во националниот тим и да помогнам колку што можам. Мораме да победиме на домашен терен со голем разлика, затоа што ако одиме со негатива во Скопје ќе биде многу тешко. Домашните навивачи се едни од најдобрите навивачи во светот и прават атмосфера во која е тешко да се игра“, вели Микелсен.
Првиот натпревар меѓу Македонија и Фарски Острови се игра на 8 мај во Торшавн од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот.