ФОТО: Kolektiff

Состав на „лалињата“: Холандија со Табоада, Коиј, Стеинс…на ЕП

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Холандија, Штафан Олсон, го објави списокот од 18 ракометари на кои ќе смета за настап на Европското првенство 2026. Холандскиот стратег се одлучи за балансирана селекција составена од докажани репрезентативци и млади играчи кои допрва треба да се наметнат на големата сцена.

Холандија ќе биде ослабена со неиграњето на Кај Смитс, кој од здравствени причини одлучи да го пропушти континенталниот собир, но Олсон останува оптимист.

„Имам голема доверба во овие момци. Тоа е комбинација од искуство и младост, што ни дава енергија и квалитет. Очекувам позитивен процес во подготовките, а „Златната лига“ ќе ни послужи како одличен тест пред Европското првенство во Малме“, изјави холандскиот селектор.

Во рамките на подготовките, Холандија ќе настапи на „Златната лига“ во Алмере, пријателски турнир кој традиционално служи како важна проверка за Холандија, Норвешка и Данска во години без квалификациски циклус. Четвртата селекција на овој турнир ќе биде Грција.