Еурофарм Пелистер лесно до ново славје – битолски нокаут за Тиквеш!

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер забележа нова победа во домашното првенство, откако во Битола го совлада Тиквеш без особени проблеми со 40-23. Клучната залиха за битолчани беше обезбедна во финишот на првиот дел, кога беше плус пет, во вториот дел голманот Ивиќ имаше серија интервенции, Алонсо им даде шанса на повеќето ракометари од клупата, но на крајот шампионот славеше убедлив триумф.

Новиот стратег Раул Алонсо по дебито во ЛШ, го водеше за првпат тимот и во Супер лигата и може да биде задоволен од изданието на неговите избраници. Кавадарчани беа на овој меч без првиот стратег Кристијан Грчевски, па тимот го водеше Боро Ѓорѓиев, а се уште во фаза на рехабилитација се Симиќ и Шулески.

За составот на битолчани не беа во комбинација Печурица, Манасков, Петровиќ и Цикатиќ, додека Костески се уште не е подготвен за камбек на теренот.

Кавадарчани отворија со водство 3-1, но потоа домаќините ја преземаа контролата на теренот. Имаа плус два, 5-3, па 6-4, а гостите преку Мијатовиќ и Кривокапиќ успеваше да одржува рамнотежа дваесетина минути.

Тогаш шампионот нагази, обезбеди добра залиха од пет погодоци, 18-13, и веќе беше јасно каков тек ќе има овој натпревар. Капитенот Кузмановски не влегуваше на теренот во воторот полувреме, Алонсо изротира повеќе ракометари, но тоа не се почувствува на теренот и предноста се дуплира.

Еурофарм Пелистер в четврток го очекува дуел од Лигата на шампионите против унгарскиот Веспрем, а потоа ќе игра на гости кај Струга, додека Тиквеш ќе се пресмета со Пролет на домашен терен следниот викенд.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД11110022
2ВАРДАР 196111100120
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1190218
4ОХРИД1290318
5БУТЕЛ1160512
6ТИКВЕШ 20141151511
7ПРОЛЕТ1142510
8ПРИЛЕП114169
9КУМАНОВО113086
10СТРУГА112094
11БИСИНОВ Ф. Л.111193
12РАДОВИШ1201111