Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ги одржаа минималните шанси за плеј-оф во Супер лигата, откако славеа на гостувањето кај Радовиш со убедливи 37-26.
Еурофарм Пелистер 2 сега има 19 бодови, па ќе мора да чека киксови на Бутел Скопје и Тиквеш во последните две кола (имаат по 20), но овие две екипи играат меѓусебе во последното коло, Прилеп е осми со 18 бодови, а лесно може да се случи и некој од три екипи со ист број на бодови.
Домашните парираа успешно петнаесетина минути до 6-6, а потоа „колата тргна низ брдо“. Крилата Лозановски и Белистојаноски зголемија на 10-6, а до паузата момците на Александар Зарков ја дуплираа предноста, 21-13.
Второто полувреме беше одработено рутински и радовишани во ниту еден момент не успеаја да се заканат за предноста на битолчани.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Петар Маркоски со десет и Мохамед Азиз со шест погодоци, додека кај Радовиш се истакнаа Славе Јанковски со осум и Васе Петров со шест гола.
Во последното коло од регуларниот дел, Еурофарм Пелистер ќе игра на домашен терен против Струга, додека Радовиш ќе гостува кај Прилеп.

























