Се комплетираше првиот ден од Европското првенство за младинки во Црна Гора, а изненадувањето на денот го направи селекцијата на Турција.
Турчинките иако важеа за аутсајдерки, ја совладаа Холандија со 29-25, иако имаа негатива од 13-12 на паузата.
Букет Севен беше прво име кај Турција со 15 погодоци, односно половина од головите на цела репрезентација.
Во другите натпревари имаше очекувани резултати и победи на сите фаворити, а најинтересно беше на дуелот меѓу Германија и Шпанија кој заврши реми.
Во првиот дел Шпанија имаше плус четири, во второто полувреме Германија водеше со исто толку, па на крајот мечот заврши најреално.
Шпанките добија два црвени картони, 29-29 беше во последната минута, а двете селекции не ги искористија своите напади за да постигнат победнички погодоци.