Со одигрувањето на последните натпревари од разигрувањето во главната рунда, познати се сите четвртфиналисти на Европското првенство за младинки во Црна Гора.
Покрај прво и второпласираните селекции од трите групи, место во ТОП 8 обезбедија и двете најдобро третопласирани – Унгарија и Австрија, додека Србија извиси.
Во четвртфиналето ќе играат Франција – Австрија, Хрватска – Шпанија, Данска – Унгарија, Германија – Црна Гора.
Сите останати ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место, односно од 17 до 24 место, а меѓу нив ќе биде и Македонија.