ЕП младинки: Австрија сензационален полуфиналист, Шпанија ја торпедира Хрватска

Познати се полуфиналните двојки на Европското првенство за младинки во Црна Гора, а меѓу полуфиналистите сензационално се пласира Австрија.

Австријките ја совладаа Франција, која досега немаше пораз. Голманот Платовиќ имаше 11 интервенции, и по водството на Франција со 20-19, беше клучна за комплетниот пресврт.

Унгарија водеше против Данска на паузата со 12-10, но во вториот дел доминираше скандинавската селекција.

Шпанките без мака ја совладаа десеткуваната Хрватска, додека домаќинот Црна Гора пружи голем отпор, но немаше сили за изненадување против Германија.

Во полуфиналето ќе играат Данска против Германија и Австрија против Шпанија.