ЕП младинки: Австрија приреди сензација, Данска и Франција веќе се во четвртфиналето

Денеска се одиграа натпреварите од првото коло во главната рунда на Европското првенство за младинки во Црна Гора, како и оние од разигрувањето за пласман.

Селекциите на Данска, Франција и Германија се веќе четвртфиналисти, додека Унгарија со триумфот над домаќинот Црна Гора остана во игра за ТОП 8.

Србија и Хрватска загубија убедливо од Франција и Германија, но и покрај тоа имаат шанси пред последните натпревари за четвртфиналето.

Австрија направи сензација со победата над Норвешка, и ја остави скандинавската селекција без ТОП 8.

Во разигрувањето за пласман, Полска, Романија и Турција ќе одат во битките од 9 до 16 место и практично обезбедија пласман на СП, додека нив ќе им се придружи најдобрата второпласирана од трите групи што разигруваат за пласман.

На младинскиот ЕХФ шампионат во Грузија, втори победи запишаа Словачка, Украина и Италија, па сосема извесно меѓу нив ќе се води битката за трофејот.