Црногорската женска репрезентација остана без уште двe важни ракометарки – Итана Грбиќ и Ивона Павичевиќ ставија крај на своите репрезентативни кариери.
Двете ракометарки ја информирале раководната структура на Ракометниот сојуз на Црна Гора и стручниот штаб за својата одлука, со што официјално се затвора едно значајно поглавје во историјата на „лавиците“.
Грбиќ и Павичевиќ беа дел од генерацијата која ги донесе најголемите успеси на црногорскиот ракомет, настапувајќи на 13, односно 11 големи натпреварувања, ЕП, СП и ОИ.
Нивниот најголем заеднички успех е бронзениот медал на Европското првенство во 2022 година, кога Црна Гора блесна пред домашната публика и се искачи на победничкиот пиедестал.
Во текот на годините, Итана Грбиќ беше лидер и креатор на играта, вистински мозок на тимот, додека Ивона Павичевиќ со својата борбеност и константност беше сигурен столб во клучните моменти.
Некогашната вардарка Грбиќ ја завршува репрезентативната кариера на 29 години со 124 настапи и 196 голови, додека Павичевиќ постигна 160 погодоци на 111 натпревари.
По настапите за Вардар, Грбиќ играше за црногорската Будуќност, чиј член е и во моментов, за романскиот ЧСМ Букурешт, словенечкиот Крим, унгарскиот Ференцварош, францускиот Брест Бретањ…


























