Европската ракометна федерација денеска ги потврди домаќините на следните големите натпреварувања.
Кај мажите, ЕП 2030 година ќе се одржи во Чешка, Полска и Данска, кои имаа заедничка кандидатура, откако претходно Хрватска ја повлече својата апликација.
ЕП 2032 ќе се игра во Германија и Франција, откако Хрватите решенија да се откажат од борба и за ова континентално натпреварување.
Апликацијата на Турција за оранизација на женското ЕП 2030 беше одбиена, па сега нема ниту еден кандидат за ова првенство, додека ЕХФ им ја додели организација на ЕП 2032 на Германија, Данска и Полска.
Од претходно беше познато дека ЕП 2026 кај мажите ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска, а домаќини на ЕП 2028 се Шпанија, Португалија и Швајцарија.
Женското ЕП 2026 ќе се одржи во пет држави – Романија, Турција, Словачка, Полска и Чешка, додека домаќини на континенталниот собир кај дамите во 2028 година ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска.