Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа одличен натпревар во кој стигнаа до победа од 31:25 и со новите два бода успеаја да се позиционираат на 2. место во Групата Д зад составот на Ним кој ќе остане лидер за време на паузата.
Од почетокот на средбата се виде дека битолчани се мотивирани за добар резултат. Влегоа одлично во натпреварот и брзо дојдоа до 5:2. Само шест минути игра им беа потребни за да дојдат до позитива од три гола, но потоа и 11 минути за да стигна до негатива од три погодоци.
До 17. минута се чекаше на следниот погодок, а притоа ракометарите на Еурофарм Пелистер примија шест гола така што дојдоа до негатива од 5:8. Оттука тргна враќањето во натпреварот и до крајот на првите 30 минути постојано мораше да се бара начин како да се стигне до подобар резултат.
Долго се бараше начин резултатот да биде израмнет, а тоа се успеа на две минути пред заминување на одмор. Тогаш на семафорот стоеше 13:13, а потоа откако Секељ успеа да запре две топки по ред на неколку секунди до заминувањето на одмор, Мартин Велковски погоди од контра за 14:13 на одмор.
Во вториот дел домашните тргнаа многу подобро во средбата. Имаа повеќе од играта, успеваа многу лесно да се најдат во позиција за шут. Се користеше секоја шанса за да се дојде до шут и тоа се правеше на најдобар можен начин. Секој гол беше многу важен, а Еурофарм Пелистер постепено ја зголемуваше предноста.
Првпат плус четири беше во 40. минута кога резултатот беше 21:17. Оттука веќе почна финиширањето откако играчите на Еурофарм Пелистер добро забележаа дека можат да го направат тоа на средбата. Тргнаа уште посупериорно и постојано зголемуваа. Брзо зголемија до пет гола, а во 49. минута веќе имаа и 26:20 со што практично се обезбеди убаво водство за да може мирно да се продолжи во средбата и да нема никаков проблем за да се дојде до победа на овој дуел.
Во последните десет минути предноста се чуваше и како се намалуваше времето така стануваше јасно дека тука Спортинг нема да може да го направи истото како на претходната средба кога во последните моменти беше обезбедено реми. Сега Еурофарм Пелистер не дозволи да има проблеми така што обезбеди голема победа и бодови со кои ќе остане на второто место во Групата Б до февруари.
ЛИГА НА ЕВРОПА – ГРУПА Д
ТАБЕЛА
Пелистер се сака од мали нозе – „подмладокот“ се радуваше со сласт (ФОТО)
Велковски: Имаме неверојатна публика која ни даваше многу енергија