Селекциите што ќе бидат дел од Олимписките игри во Париз, периодов играат пријателски натпревари.
Машката и женската репрезентација на Унгарија остварија двојна победа над Словенија.
Дамите се помачија и на крајот славеа само со еден гол, 28-27, над избраничките на Драган Аџиќ, додека колегите од машката репрезентација победија со 29-25. Словенците водеа на паузата со плус два, 14-12, но Унгарците во вториот дел комплетно ги надиграа и славеа со четири гола.
Германците го победија домаќинот на ОИ, Франција со 35-30, во натпреварот во Дортмунд што го судеа Николов и Начевски.
Женската селекција на Германија непријатно беше изненадена од Бразил, кој ја однесе победата, 36-31.
Шпанките беа подобри од Јужна Кореја со 29-23, додека Французинките ја совладаа убедливо Ангола со 33-20.