Се комплетираше групната фаза и во второто по ранг клупско европско натпреварување, Лигата на Европа.
Во четвртфиналето се пласираа тимовите на Локомотива Загреб на Андреа Седлоска и Рапид Букурешт на Сара Ристовска.
Локомотива обезбеди ТОП 8 токму со победа над Рапид во Букурешт со 29-24, а Седлоска даде еден гол. За романскиот тим поради повреда не игра Ристовска.
Хрватскиот состав и Седлоска во четвртфиналето во март за пласман на Ф4 ќе се борат против францускиот Дижон, додека Ристовска и Рапид како последна пречка до завршниот турнир ќе се борат со данскиот Виборг.
Лига на Европа, четвртфинале:
Никобинг – Турингер
Мошонмаѓаровар – Естергом
Виборг – Рапид Букурешт
Локомотива Загреб – Дижон
























