Двајца играчи од Бундес лигата доаѓаат во Вардар!

Потрагата на Вардар по двајца ракометари од бековската линија ќе заврши во Бундес лигата – во Мелсунген и Кил!

Левиот бек на тимот на Парондо, Владислав Кулеш, не е во плановите на клубот за наредната сезона, па белорускиот репрезентативец е на чекор до договор за соработка со македонскиот вицепрвак.

Кулеш има потекнува од СКА Минск, играше четири сезони за полскиот Келце, па три во Хановер, пред минатата сезона да дојде во Мелсунген. Тој би бил замена за Дмитро Горига кој се сели во ПИК Сегед, а на истата позиција доаѓа и хрватскиот репрезентативец Леон Љевар.

На мета на Вардар е и десниот бек од Кил, Мохаб Абделхак. Станува збор за 23-годишен египетски репрезентативец, кој во дресот на „зебрите“ дојде како замена за повредениот Мадсен.

Потекнува од составот на Ал Ахли, првиот меѓународен ангажман го имаше во францускиот Ним во 2023 година, од каде што во декември минатата година се пресели во Бундес лигата во Кил. Тој би бил замена за Марек Марчињак кој се враќа во татковината.

Покрај Абделхак и Кулеш, Вардар претходно ги договори Марко Тасиќ, Милан Бомаштар, Бобан Поповски и Леон Љевар.