Екипата на Мелсунген во натпревар од 21. коло од Бундес лигата беше поразен од Фленсбург со два гола разлика, 35:33.
Тимот предводен од Роберто Гарсија Парондо освен што беше поразен, загуби и двајца клучни играчи на неодредено време.
Станува збор за двајцата репрезентативци на Исланд – левиот бек Елвар Јонсон и кружниот напаѓач Арнар Фреј Арнарсон.
Јонсон ќе паузира две до три недели, додека Арнарсон го очекува пауза најмалку од два до три месеци.
Мелсунген е лидер во Бундес лигата, на 21 одиграни натпревари оствари 17 победи и загуби само четири пати.
Ракометарите на Мелсунген утре ќе се соочат со Кил во рамки од последното коло од главната фаза од Лигата на Европа.