Македонецот Душко Кландев, кој долго време живее и работи во Австрија, е назначен за прв тренер на Салцбург.
Кландев одамна работи во младинските категории на овој клуб, а сега ја доби честа да биде тренер и на сениорската машка екипа.
Салцбург игра во „Челинџ лигата“ на Австрија, второлигашка конкуренција која е поделена на региони.
Клубот на Кландев е на шестото место со 11 бодови по есенскиот дел од сезоната, но се уште има шанси за плеј-оф.
Кландев потекнува од Радовиш и остави трага во овој клуб со неговите настапи, а е меѓу првите македонски тренери кои добија Мастер Коуч лиценца.

























