Душебаев: Со Милосављев на голот ќе може да се бориме за титула во ЛШ

Српскиот репрезентативен голман Дејан Милосављев од лето ќе го брани голот на полскиот Келце.

Тој ќе соработува со Талант Душебаев, кој не го криеше задоволството што ќе има голман со кој ќе може да се бори за титулата во Лигата на шампионите.

„За мене овој трансфер е неверојатен, Дејан е еден од најдобрите во светот. По заминувањето на Волф позицијата голман кај нас беше една од послабите, но со вакво засилување ќе може да се бориме за титула во Лигата на шампионите. Ако во составот ги имате некој од Ландин, Нилсен, Милосављев или Волф, тогаш имате 100% шанси да бидете меѓу најдобрите екипи“, изјави Душебаев.

Келце во моментов ги има на голот Адам Моравски, Клемен Ферлин и Бекир Чордалија, а на лето од клубот заминува Ферлин.