Дури и со пораз до осум разлика, Македонија е најмалку 16-та во светот!

По реми исходот на средбата меѓу Холандија и Австрија, која заврши 37-37, како и поразот на Катар од Унгарија со 29:23. Македонија ги загуби шансите да биде во ТОП 8.

Но затоа има шанси да биде трета во групата, ако слави против Франција, а со реми или пораз до најмногу осум гола разлика, ќе го освои четвртото место.

Пораз од девет гола разлика, ќе не остави на четвртото место, но ако притоа постигнеме најмалку 20 погодоци против Франција (20-29, 21-30, 22-31…).

Секој повисок пораз ја турка Македонија на петтото место, а тоа значи пласман од 17 до 20 место на Мундијалот.

Четвртото место носи пласман од 13 до 16 место, додека со третото место во групата, Македонија може да го повтори најголемиот успех – 9 место во Катар на СП 2015. Затоа мечот со Франција не е неважен, без разлика што немаме шанси за четвртфиналето.

На моменталната табела, Франција е сигурно прва со осум бодови и меч помалку, Унгарија е сигурно втора со седум бодови, Холандија е трета со пет.

Македонија е на четвртото место со меч помалку и четири бодови (0, гол-разлика 127:127), додека Австрија е петта со исто толку (-9, гол разлика 147:156). Катар е последен без бодови.