Димитријески ги собира пионерките – 30 ракометарки на собир во ЕХФ неделата

Селекторот на женската пионерска репрезентација, Славиша Димитријески, објави список на ракометарки на кои ќе смета во претстојната ЕХФ недела.

Димитријески ќе смета на 30 ракометарки, откако во претходната ЕХФ недела имаше два изборни дена.

Полека почнува да се наѕира костурот на новата женска репрезентација, која првиот предизвик ќе го има на квалификациите за ЕП 2027 во ноември 2026 година.

Претходно овие ракометарки ќе имаат уште собири и пријателски натпревари, па ќе може да го собираат неопходното искуство.