Денеска со натпреварот во Кавадарци меѓу Тиквеш и „сино-белите“ од Автокоманда ќе биде затворено 5 коло од Супер лигата.
Гостинскиот тим досега има максимален биланс – четири победи на четири меча, додека кавадарчани само еднаш триумфираа, имаат едно реми и два порази.
Натпреварите меѓу овие две екипи во Кавадарци секогаш биле интересни, а се очекува таков да биде случајот и вечерва.
Со дуелот меѓу Металург РА и Јехона ќе се комплетира 2 коло од прволигашката конкуренција, додека денеска ќе се игра и еден дуел од 4 коло во Женската лига меѓу Ѓорче Петров 2 и Астибо.
Од останатите натпревари, внимание привлекува и дуелот меѓу Магдебург и Веспрем во битката за злато на Светското клупско првенство во Каиро.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:30 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 – АСТИБО (МАКЕДОНИЈА)
19:30 ТИКВЕШ – АЛКАЛОИД (МАКЕДОНИЈА)
20:00 МЕТАЛУРГ РА – ЈЕХОНА (МАКЕДОНИЈА)
19:00 МАГДЕБУРГ – ВЕСПРЕМ (СВЕТСКО КЛУПСКО РВЕНСТВО)
16:00 АЛ АХЛИ – БАРСЕЛОНА (СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО)