ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Се решава последниот патник во Супер лигата

Денеска со почеток од 18:00 часот во Прилеп, ќе се одигра последниот натпревар на клуспко ниво во Македонија.

Во салата „Ристе Ристески Ричко“, ќе се сретнат екипите на Струга и „витамините“ од Автокоманда во бараж натпреварот за место во Суперлигата.

Досега се познати 11 екипи во елитната конкуренција за следната сезона, а денеска ќе биде познат и последниот.

Стружани заврши на претпоследното место во суперлигашкиот плеј-аут, додека „витамините“ завршија на второто место во прволигашкиот плеј-оф.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:00 СТРУГА – МУЛТИ ЕСЕНС (МАКЕДОНИЈА)