Денес со натпреварот меѓу екипите на Бутел Скопје и Мулти Есенс ќе биде комплетирано десетто коло во суперлигашката конкуренција.
Бутелци со победа над дебитантот ќе бидат чекор поблиску до пласман во плеј-оф фазата.
Ракометарите на Мулти Есенс ќе атакуваат на трета победа во дебитанската сезона за што подобар пласман во групата Б.
Екипата на Аеродром, која се уште е во игра за 4. позиција на табелата во групата А, по вторпат ќе ги одмери силите со Скопје.
Македонскиот шампион во женска конкуренција, тимот на Ѓорче Петров, со почеток од 14:00 часот го очекува дуелот против Ојпен во рамки од третата рунда во Европскиот Куп.
Ѓорчепетровки реваншот го играат во Скопје, па така на денешниот дуел ќе посакуваат да обезбедат добар резултат.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
11:30 ХРАНИЦЕ – МАЛОМЕРИЦЕ (ЧЕШКА)
12:00 AСТИБО – СТРУЖАНКА (МАКЕДОНИЈА)
14:00 РАДПИД – ВАЈПЕРС (ЛШ)
14:00 КИЧЕВО – БИСИНОВ (МАКЕДОНИЈА)
14:00 ОЈПЕН – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (ЕВРОПСКИ КУП)
14:05 РАЈН НЕКАР – КИЛ (БУНДЕС)
15:00 ГУМЕРЗБАХ – МЕЛСУНГЕН (БУНДЕС)
15:30 БАРСЕЛОНА – КЕЛЦЕ (СУПЕР ГЛОУБ)
16:00 ИКАСТ – ЕСБЈЕРГ (ЛШ)
16:00 ЉУБЉАНА – МЕЦ (ЛШ)
17:00 AЕРОДРОМ – СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
17:30 ОВЧЕ ПОЛЕ – ДЕСПИНА (МАКЕДОНИЈА)
18:00 БОРЕЦ – ТЕКСТИЛЕЦ (МАКЕДОНИЈА)
18:15 ФУКСЕ – МАГДЕБУРГ (СУПЕР ГЛОУБ)
19:30 ЈЕХОНА – ПРЕСПА ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
20:00 БУТЕЛ – МУЛТИ ЕСЕНС (МАКЕДОНИЈА)