Со натпреврот меѓу шампионот Ѓорче Петров и штипски Астибо денеска ќе стартува 18 коло во Супер женската лига.
По триумфот против Чаир минатото коло, „лавиците“ се големи фаворитки за бодови и против штипскиот состав, со што би ја одржале предноста од три бода пред конкурентот за титула.
Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Астибо се игра во салата „Христо Батанџиев“ во Волково со почеток од 18:45 часот.
Денеска ќе се одигра и еден натпревар од Првата машка лига – екипата на Шампион ќе го пречека Партизан Гевгелија.
Покрај овие две средби, тест натпревар ќе одиграат машките селекции на Македонија во кадетска и младинска конкуренција.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:45 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – АСТИБО (МАКЕДОНИЈА)
18:30 ШАМПИОН – ПАРТИЗАН ГЕВГЕЛИЈА (МАКЕДОНИЈА)
19:00 МАКЕДОНИЈА КАДЕТИ – МАКЕДОНИЈА МЛАДИНЦИ (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)


























