Денеска ќе биде комплетирано првото коло од суперлигашкиот плеј-аут со дуелот во Куманово каде ќе гостува Струга.
Двете екипи се на 4 и 5 место во разигрувањето за опстанок со по седум бода, додека сите останати се далеку над нив, па јасно е дека меѓу овие два тима ќе се бара патникот за бараж, ако се знае дека Радовиш е последен без бодови.
Куманово се откажа од дел од странците, се посвети повеќе на македонскиот кадар, додека и стружани не менуваа премногу во зимскиот преоден рок, па според повеќе параметри, треба да очекуваме интересен натпревар.
Денеска во Куманово ќе има двојна програма, бидејќи и во Супер женската лига, домаќинот Куманово ќе игра против Астибо од Штип.
Покрај двете средби во суперлигашките конкуренции, ќе има и три меча во Првата машка и Првата женска лига.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:00 КУМАНОВО – АСТИБО
14:30 СТРУЖАНКА – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ
18:00 КУМАНОВО – СТРУГА
18:00 ШАМПИОН – ПРЕСПА
20:00 ЈЕХОНА – ВАРДАР НЕГОТИНО


























