ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Еурофарм Пелистер и Струга го отвораат новото суперлигашко коло

По поразот од данскиот ГОГ Гудме, а пред најголемото дерби на македонскиот ракомет против Вардар, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе имаат нова суперлигашка задача.

Во Битола ќе гостува екипата на Струга, која досега заедно со Радовиш немаат освоено ниту еден бод по три кола.

Пелистерци се големи фаворити на овој натпревар, без разлика во кој состав ќе настапат, а тренерот Рубен Гарабаја сигурно ќе го искористи за добра подготовка пред гостувањето во Скопје.

Покрај суперлигашкиот натпревар, денеска настап во Франција ќе има и македоскот репрезентативец Михајло Младеновиќ со Кретеј, а ќе се играат и три меча на Светското клупско првенство, но и два меча од ЕХФ Европскиот Куп во женска конкуренција.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СТРУГА (МАКЕДОНИЈА)
14:30 ШАРЏА – КАЛИФОРНИЈА ИГЛС (СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО)
16:45 ЗАМАЛЕК – ТАУБАТЕ (СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО)
19:30 АЛ АХЛИ – СИДНЕЈ УНИВЕРЗИТЕТ (СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО)
18:30 ЕРИЧЕ – ЖЕЛЕЗНИЧАР ИНЏИЈА (ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП)
20:00 Х71 – ВЕНЛО (ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП)
20:30 КРЕТЕЈ – САРБУРЖ (ФРАНЦИЈА)