Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде натпреварот од прволигашкиот плеј-оф меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Драчево.
Избраниците на Александар Зарков со триумф и математички ќе го обезбедат првото место и камбекот во Супер лигата.
Битолчани во моментов имаат 28 бода на првото место од 14 меча, втори се „витамините“ од Автокоманда со 25 но од 16 натпревари, па на Еурофарм Пелистер 2 му треба само еден бод од последните четири дуели за да го потврди лидерското место.
Првата „меч топка“ за младите битолчани ќе биде вечерва, а шансата сигурно нема да ја пропуштат.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Драчево е закажан за 19:00 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.