ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Бутел ќе ги предизвика „сино-белите“, женско дерби во Автокоманда

Богат ден на ракометните терени низ Maкедонија, а ќе се играат многу натпревари во сите конкуренции.

Во Супер машката лига Струга ќе биде во потрага по втор триумф, а кумановци ќе се обидат да се вратат првпат со гостински бодови. Бутел Скопје ќе ги предизвика „сино-белите“ од Автокоманда, додека Пролет ќе се соочи со незгодниот Еурофарм Пелистер 2.

Кај дамите, вниманието ќе биде насочено кон дербито во Автокоманда, каде што домаќинот Металург ќе го пречека актуелниот шампион Ѓорче Петров. Во претсезона нивниот меч заврши реми, па се очекуваат многу возбудувања на денешната пресметка.

Чаир е голем фаворит против Астибо, а Вардар ќе се обиде да ја продолжи серијата победи во дуелот против битолчанки.

Во Првата машка и женска лига исто така ќе се играат натпревари во текот на денот, а вниманието на македонската јавност ќе биде насочено и кон двата македонски претставници во ЕХФ Европскиот Куп – Охрид ќе му биде домаќин на азербејџанскиот Баку, додека Тиквеш ќе му гостува на турскиот Бешикташ.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:00 Ѓорче Петров 2 – Стружанка (Maкедонија)
13:00 Атлетик – Шампион (Maкедонија)
15:00 Вардар – Пелистер  (Maкедонија)
16:00 Астибо – Чаир (Maкедонија)
16:00 Бешикташ – Тиквеш (ЕХФ Европски Куп)
17:30 Струга – Куманово (Maкедонија)
18:00 Баку – Охрид (ЕХФ Европски Куп)
18:00 Алкалоид – Бутел Скопје (Maкедонија)
18:00 Овче Поле СУ – Деспина (Maкедонија)
18:00 Драчево – Партизан Гевгелија (Maкедонија)
18:00 Пролет – Еурофарм Пелистер 2 (Maкедонија)
19:00 Младост Богданци – Овче Поле (Maкедонија)
20:00 Аеродром – Преспа (Maкедонија)
20:45 Металург – Автокоманда Ѓорче Петров (Maкедонија)