ДЕНЕСКА НА ОИ: Хрватска на мегдан на Германија, Франција брка прва победа

Третиот ден на машкиот олимписки турнир треба да донесе големи возбудувања, кои ќе започнат со дуелот меѓу Норвешка и Унгарија.

Скандинавците по триумфот над Франција се во облаци, па незгодната Унгарија сигурно ќе може да им ги замрси сметките.

Хрватска нема право на кикс против Германија по слабото издание со Словенците, кои пак ќе одат на мегдан на Шведска.

Шпанија и Данска се фаворити против Јапонија, односно Аргентина, а се очекува конечно прв триумф на домаќинот Франција, која ќе игра со Египет.

ДЕНЕСКА НА ОИ:

09:00 НОРВЕШКА – УНГАРИЈА
11:00 ХРВАТСКА – ГЕРМАНИЈА
14:00 ШПАНИЈА – ЈАПОНИЈА
16:00 СЛОВЕНИЈА – ШВЕДСКА
19:00 ФРАНЦИЈА – ЕГИПЕТ
21:00 ДАНСКА – АРГЕНТИНА