Словенечкиот Целје остана без еден од најдобрите ракометари за пресметките со Охрид од полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп.
Десниот бек Маи Маргуч се повреди на реваншот од четвртфиналето против романскиот Бузау и ќе биде надвор од терените најмалку до крајот на оваа година.
Тој има руптура на предните вкрстени лигаменти на левото колено и нема да игра во мечот против македонскиот претставник.
Маргуч, кој потекнува од ракометно семејство и има двајца браќа, Гашпер кој игра во Веспрем и Гал кој игра во Слован, во досегашниот тек од сезоната во Европа има дадено 49 голови на осум натпревари.
Заедно со Анжиќ и Макуц се најдобрите стрелци во екипата, а тренерот Клемен Лузар сега ќе мора да му довери поголема улога на ветеранот Жига Млакар.









