Вардар мораше добро да се намачи да победи против Мелсунген, 37-33 и со два бода да остане во игра за место што води во осминафиналето. Имаше негатива неколкупати од 6 гола, но потоа направи пресврт. Дури во второто полувреме направија предност со која можеа да „одморат“ некоја минута во завршницата.
Тренерот Иван Чупиќ смета дека причината било што тие го потцениле ривалот, особено во првото полувреме. Но, најважно е дека се освоени два бода.
„Благодарам на екипата на Мелсунген на коректен меч. Им покажа на сите во салата дека имаат и глава и опашка, како тим, со одличен тренер со некој свој тим. Покажаа од прв до последен момент дека можат да играат. Проблемот за мој тим беше потценување во првото полувреме. Не дека не заслужи Мелсунг да води, но мојот тим не беше на ниво како сакаме да играме. Пакажавме дека имаме поголема ротација, не можат да издржат такво темпо. Имавме и добар голман зад нас, тоа ни донесе победа. Моја е одоговорноста дека не се играше триста на саат. До 40 минута не беше така. Уште еднаш, два бода се тука се приближивме малку до целта.
Сега Вардар има 4 бода, исто колку и Бенфика која триуфираше нагостувањето во Шведска.























