Романскиот шампион ЧСМ Букурешт по седумте најавени заминувања од клубот, конечно ги израдува своите навивачи.
Кружниот напаѓач Крина Пинтеа и левото крило Ема Фрис ставија потпис на нови договори и ќе останат во Букурешт најмалку до крајот на идната сезона.
Претходно клубот се договори со Бојана Поповиќ, која дојде на местото на Ади Василе и ќе го води ЧСМ Букурешт во следниот период.
Заминува триото голмани – Морески (Мец), Ериксон (Бистрица) и Хосу (Бистрица), левиот бек Јауковиќ се враќа во татковината, исто како и десното крило Остергард која ќе игра за Виборг, Омореги потпиша за Ференцварош, а ќе си оди и Холанѓанката Ингер Смитс.

























