Вториот претставник на Македонија во Европскиот Куп, Чаир, во првиот натпревар од втората рунда против Керженг триумфираше со 26:24. Реванш дуелот меѓу Чаир и Керженг се игра на 13 октомври во спортската сала во Автокоманда со почеток во 19:00 часот, па за очекување е чаирчанки со помош да публиката да дојдат до втор сезонски триумф на европска сцена.
Избраничките на Басри Љатифи лошо влегоа во натпреварот, имаа негатива од 5:1 во воведниот дел и до крајот на полувремето никако не можеа да направатм камбек. Домашниот тим имаше неколку ракометарки расположени за игра, беше повеќе пофокусиран во играта и знаеше како да стигне до реализација.
Чаирчанки во финишот од првото полувреме заиграа поангажирано, ги намалија грешките и стигнаа до мунус два, 12:10. Керженг до паузата водеше со два до три гола разлика, а по 30 минути игра резултатот беше 13:11 во корист за домаќинките.
Македонскиот претставник на стартот на вториот дел направи комплетен пресврт, со серија од 4:0 поведе со 15:13 во 33 минута. Домаќинот постигна два гола во серија и израмни на 15:15. Од тој момент секој гол беше важен, двете екипи се менуваа во водство, во еден момент Чаир заостануваше на минус два, 24:22, но тимот на Љатифи со серија од 4:0 го обезбеди минималниот триумф.
Најефикасна во тимот на Чаир беше Теодора Дукоска со десет погодоци, а одлична на голот беше Магдалена Којовиќ, која натпреварот го заврши со 16 интервенции.
Несудената вардарка, искусната Клодин Менди, постигна пет погодоци за тимот од Луксембург.