Добро прво, ептен лошо второ полувреме и нов пораз за Македонија
Женската репрезентација на Македонија загуби вторпат во квалификациите за ЕП 2026 година, овојпат од Словенија со 28-20. И покрај одличниот прв дел, и покрај одличната Петковска на голот, сепак Македонија ќе мора да почека...
📷 РФМ не ги заборави – признанија за Саздовска, Ѓорѓиевска и Маџовска
Женската репрезентација на Македонија вечерва ја пречека Словенија во второто коло од квалификациите за Европското првенство 2026. По стартниот пораз во Гумерсбах против Германија, ова е прв домашен натпревар за избраничките на македонскиот селектор...
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 7. КОЛО OД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)
Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка,...
Македонија одигра драматично реми со Србија и заврши трета на „Трофеј Карпати“
Машката кадетска репрезентација на Македонија иако водеше во два наврати со шест гола против Србија, на крајот одигра само реми, 28-28 и го освои третото место на „Трофеј Карпати“ поради послаба гол-разлика (Македонија -4,...
Карапалевски перфектен, Ваљадолид го доби мак-двобојот во Шпанија
Тимот на Ваљадолид славеше против Аликанте со 27-25 во македонскиот двобој во шпанската Асобал лига.
Ваљадолид, каде што игра Мартин Карапалевски, уште по првиот дел ја најави победата на гостувањето кај Аликанте, каде што игра...
Мартин Томовски повторно „двоцифрен“ – и лидер на табелата
Македонскиот голман Мартин Томовски имаше уште една одлична партија за својот тим Битигхајм, кој како домаќин со 36-23 го победи Есен во 8. коло на 2. Бундес лига.
Томовски забележа 11 одбрани и имаше процент...
Tиквеш со два порази ја заврши европската авантура
По Бутел Скопје, вториот македонски претставник Тиквеш, е елиминиран во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп со уште еден пораз од турскиот Бешикташ, овојпат во Кавадарци со 23-21.
Кавадарчани не ја искористија одличната партија на...
Деби за Јагуриновски и Крсманчиќ, Охрид-експрес мина низ Прилеп
Ракометарите на Охрид по успешно одработената европска задача се врати на домашните обврски и без особени проблеми запиша триумф на гостувањето кај Прилеп со 34-18.
Поведоа гостите со 4-1, па 5-2 и јасно ставија до...
Николовски блесна на голот, македонските кадети триумфално против Романија
По поразот од Полска во првото коло на „Трофеј Карпати“, машката кадетска репрезентација на Македонија запиша победа над домаќинот Романија со 32-24.
Предводени од голманот Николовски, кој имаше 19 одбрани, како и од Јован Петрески...






















