Мелсунген и Штутгарт во борба за хрватско крило!
Водечкиот тим во Бундес лигата, Мелсунген, кој е предводен од екс тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, во своите редови го посакува Хрватот Иван Шнајдер.
За левото крило, освен Мелсунген, заинтересирани сѐ и од Штутгарт,...
Сигурдсон одлучи: Мартиновиќ ќе биде новиот капитен на Хрватска
Репрезентацијата на Хрватска, која го освои сребрениот медал на Светското првенство 2025, доби нов капитен.
Тоа ќе биде десниот бек Иван Мартиновиќ, кој ќе ја наследи капитенската лента од Домагој Дувњак.
Како што е познато, легендарниот...
Од Партизан во Црвена Ѕвезда – Немања Обрадовиќ потпиша за „црвено-белите“
Поранешниот член на Металург и Еурофарм Пелистер, Немања Обрадовиќ, ги засили редовите на Црвена Ѕвезда, која посакува пласман во плеј-оф фазата во домашниот шампионат.
Искусниот ракометар во Црвена Ѕвезда ќе пристигне од нејзиниот најголем ривал,...
Рајн Некар сака да го задржи Јагањац
Поранешниот ракометар на Металург, Халил Јагањац, најверојатно ќе остане во бундеслигашот Рајн Некар.
Хрватот, кој пред извесен период се врати на терените од долгата пауза, во тимот на ,,лавовите' настапува на позајмица.
Тој има четиригодишен договор...
Тасевска меѓу најдобрите во убедливата победа на Слобозиа
Македонската интернационалка Марија Тасевска продолжува со одличните настапи во Романија.
Повремената репрезентативка на Македонија заедно со Слобозиа славеа убедлива победа против Пиатра во тамошната второлигашка конкуренција.
Слобозиа триумфираше со 42:19, а Таевска беше меѓу најдобрите на...
Вчера го славеа среброто, а утре им се враќаат на клупските обврски!
По завршувањето на Светското првенство, оваа недела продолжуваат натпреварите во поголемиот дел лиги низ Европа. Ќе се игра во Франција, Германија, Шпанија, Унгарија, Швајцарија, Полска...
Екс ракометарот на Еурофарм Пелистер, Матео Мараш, кој со Хрватска...
Лукас Јоргенсен пред трансфер во Веспрем!
Според пишувањата на германски „Билд“, унгарскиот гигант Веспрем е заинтересиран за репрезентативец на Данска.
Станува збор за кружниот напаѓач Лукас Јоргенсен, кој имаше одличен настап на штотуку завршеното Светско првенство.
Јоргенсен од минатата сезона започна интернационална...
На повидок прва селекторска жртва по СП – на Лијевски му се подготвува отказ!
Иако своевремено беа сребрени и бронзени на СП, на последното издание за жал Полјаците не обезбедија место во главната рунда и го освоија 25 место во Президент Купот.
Тоа е причина во тамошната федерација да...
Огромно засилување за Подравка – по пет сезони се врати Ана Дебелиќ!
Огромно засилување доби хрватскиот шампион Подравка за продолжението на актуелната сезона во која има одлични настапи во Лигата на шампионите.
Во Копривница се врати хрватската репрезентативка Ана Дебелиќ, која беше дел од норвешкиот Вајперс Кристијансанд...
Македонија ќе го верификува пласманот на ЕП 2026 во СЦ „Јане Сандански“!
Европската ракометна федерација и македонската куќа на ракометот го потврдија местото на одигрување на последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2026.
Наместо досегашната пракса, натпреварите да се играат во СЦ „Борис Трајковски“, овој против Литванија...