Тимот на Бутел Скопје полека го формира играчкиот ростер за претстојната натпреварувачка сезона во Супер лигата.
Најново име во составот на Горан Кузманоски е кадетскиот репрезентативец Матеј Новаковски, кој доаѓа од „сино-белите“ од Автокоманда.
Новаковски (18/195/95) настапува на позицијата кружен напаѓач и се обврза на тригодишна верност кон Бутел Скопје.
Претходно Бутел Скопје ги засили своите редови со кружниот напаѓач Драган Шољиќ, левите бекови Теодор Тодески и Тодор Узунчев, како и десните бекови Димитар Узунчев и Мартин Петровски.
Бутел Скопје на крајот на сезоната се раздели со Лука Иваниќ, Стефан Крстевски, Владимир Јевтиќ, Кристијан Василевски и Томче Стојановски.